Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успешно го отвори турнирот во Дубровник. Тој во првото коло славеше против Италијанецот Матео Донати со 2:1 во сетови.
Ивановски лошо стартуваше и го загуби воведниот сет со 6:1 во гемови, но потоа успеа да заигра многу подобро.
Во вториот сет успеа да го одземе сервисот на Донати и го доби со 6:3 во гемови, а потоа и комплетно го скрши отпорот на италијанскиот тенисер. Во третиот сет беше доминантен и славеше без загубен гем, со 6:0.