Струга и Македонија Ѓорче Петров ќе се судрат во финалето на Купот на Македонија, откако во денешните полуфинални мечеви, Струга со 1:0 го совлада Силекс, додека „лавовите“ по 1:1 ремито со Шкендија, на пенали го елиминираа тетовскиот тим.
Струга до своето прво финале во Купот на Македонија стигна со минимална победа над Силекс, откако Незири во 65. минута го постигна единствениот гол на мечот.
Многу понеизвесно беше на дуелот Македонија-Шкендија. Есмин Личина уште во 12. минута донесе водство за Македонија, пред Наско МИлев да израмни во 65. минута. Во пенал-серијата, двете екипи не беа најпрецизни – Македонија двапати беше неуспешна, но Шкендија имаше дури три промашувања.
Македонија е актуелен освојувач на купот и ќе оди на вкупно трет трофеј од натпреварувањето.
Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров