Жозе Мурињо добил луда понуда од Саудиска Арабија. Понудата ја одбил бидејќи сака со Рома да игра во ЛШ, а и чекал повик од Реал Мадрид, доколку клубот го отпушти Карло Анчелоти.
Мурињо, како што тврдат италијанските медиуми, пред неколку дена доби нестварна понуда од Саудиска Арабија. Државата му понудила плата од 120 милиони евра за две години за да стане селектор на националниот тим.
Доколку не успеа да го привлечат со оваа понуда, Саудијците биле подготвени да му понудат тренерско место во еден од двата најголеми клуба во земјата, Ал Наср чии дрес го носи Кристијано Роналдо или Ал Ахли.
Португалецот има договор со Рома до летото 2024 година, но ќе го напушти Рим доколку не му добие пари за летниот преоден рок или доколку Рома истрагата на финанскатата полиција заврши со одземање на бодови, со што клубот би останал без место во ЛШ.