Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски во тандем со Лука Микрут обезбеди полуфинале на турнирот во Дубровник во игра на двојки. Тие беа подобри со 2:0 во сетови од Кристијан Тумбас Кајго и Марко Баничевиќ.
Ивановски и Микрут во првиот сет им дозволија на ривалите само два гема, а вториот сет го комплетираа со 6:4 во гемови.
Македонскиот тенисер претходно настапи и во сингл во Дубровник и загуби во второто коло од Алдин Шеткиќ од БиХ со 0:2 во сетови (6:7, 2:6).