Top Sport

Џејсон Кид: Далас намерно се откажа од плеј-офот

Претходната вечер кошаркарите на Далас беа поразени од Чикаго Булс на домашен терен со резултат 115:112 и со тоа математички останаа без шанси да играат во разигрувањето за шампионскиот прстен.

Тренерот на Далас Маверикс Џејсон Кид, изјави дека сосптвеникот на франшизата, Марк Кјубан, донел одлука тимот да се откаже од понатамошната борба.

„Деловните одлуки понекогаш се тешки, но мора да ги донесете. Се обидуваме да изградиме шампионски тим овде и беше одлучено да се направи чекор назад. Оваа одлука дојде од моите шефови и ми рекоа да ја прифатам. Имаме доверба Марк Кубан и Ник Харисон, тие ќе ги спојат парчињата и ќе не стават во позиција да се бориме за шампионска титула и тоа е процесот што го започнуваме денес“, објасни Џејсон Кид.

Кајри Ирвинг не играше ниту против Чикаго Булс во претпоследниот натпревар сезонава, додека Лука Дончиќ одигра само 13 минути и потоа остана на клупата.

Зошто Далас реши да загуби од Чикаго? Маверикс мора да бидат надвор од плејофот за да бидат во позиција да го задржат пикот од престојниот драфт. Тоа можеа да го направат само доколку не бидат меѓу првите десет на Западот.

Во нивен интерес беше да го задржат пикот на НБА драфтот, бидејќи ако беа во Топ 10, тој пик ќе беше заштитен и ќе одеше кај нив, во спротивно ќе одеше кај Њу Орлеанс Пеликанс, дури и да беше 11. пик.

Вака задржаа пик кој не е загарантирано 10., но можно е тој пик да биде и подобро пласиран, што ќе го дознаеме кога ќе се одреди „драфт лотаријата“.

Scroll to Top