Во 29. коло од италијанската Серија А, Рома на гости го победи Торино со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Пуло Дијала од пенал. Рома со овој триумф дојде до третото место на табелата.
Шоуто по натпреварот на фудбалерите им го украде тренерот Жозе Мурињо.
„Трети сме на табелата? Дали сте сигурни дека Јувентус нема 59 бодови? На крајот на краиштата, ние сме во Италија“, рече Жозе Мурињо, потсетувајќи дека Јувентус се надева дека ќе им бидат вратени одземените 15 бода.
Рома на третото место има бод повеќе од Милан и два од Интер кои се на четвртото и петтото место.