Тренерот на Рома, Жозе Мурињо реши да му одговори на Антонио Касано, откако поранешниот фудбалер на Реал Мадрид повторно го критикуваше португалскиот тренер. Касано изјави дека на Мурињо „не му е грижа“ за фудбалот, и дека не му е јасно како имал успех како тренер бидејќи не знае ништо за работата со фудбалерите.
По вчерашната 1:0 победа над Торино, Мурињо реши да одговори.
„Секој има право на критика, но кога зборуваш за другите, како што прави Антонио, е многу поинаку. Некои од нас работат во фудбалот, тој само сака да ужива. Касано играше за Рома, Интер и Реал Мадрид. Во Мадрид се сеќаваат само на неговата јакна. Со Рома освои Суперкопа без да игра. Во Интер, пак, не го освои ниту Ломбардија купот во пријателски меч. Вие знаете што јас освоив со Интер, Реал Мадрид и Рома. Тој можеби има проблеми со мене, но не и јас со него. Ќе му кажам само едно нешто – внимателно Антонио, ти имаш 40, а јас 60 години, понекогаш доаѓа Марко Ливаја и станува тешко“, одговори Мурињо.
Јакната која ја споменува Мурињо секако е таа со која Касано пристигна кога потпиша за Реал Мадрид, додека инцидентот со Ливаја е потсетување на 2013 кога двајцата беа во Интер, и наводно Ливаја го нокаутирал Касано при една расправија.