Top Sport

РФМ парично ги казни Вардар и Пелистер, црвено-црните два натпревари ќе играат без публика

Дисциплинската комисија пре Ракоемтната федерација на Македонија (РФМ), ги казни Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер за инцидентите кои ги предизвикаа навивачите на неодамнешното дерби.

Навивачите на Пелистер, во 16.минута, кога влегоа во салата „Јане Сандански“, започнаа да фрлаат разни предмети кон домашната публика. Вардаровите навивачи одговорија со иста мерка. Мечот беше прекинат, а откако ситуацијата се смири продолжи и заврши со убедлива победа на Вардар 1961 (31:24).

Дисциплинската комисија ги казни двата клуба парично со по 150.000 денари. Вардар 1961 два натпревари ќе одигра без присуство на публика.

Scroll to Top