Top Sport

МЗТ Скопје Аеродром со триумфот над Феникс 2010 го потврди првото место пред разигрувањето

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ја потврди првата позиција на табелата и предноста од домашен терен во разигрувањето за титула откако во последниот натпревар од 21. коло славеше на гости против Феникс 2010 со 64:82.

Аеродромци на полувремето обезбедија десет поени предност (32:42), а Феникс немаше сили да го одведе мечот во неизвесна завршница.

Крстевски и Кук постигнаа по 15 поени во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, а Јанески од тикот на Феникс 2010 беше најефикасен на мечот. Тој уфрли 19 поени и имаше шест скока.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');