Top Sport

Дин Смит ќе седне на клупата на Лестер?

Англискиот премиерлигаш Лестер е блиску до ангажман на нов менаџер. Тоа најверојатно ќе биде Дин Смит, кој ќе го води тимот до крајот на оваа сезона.

Според последните информации од Островот, Лестер и Џеси Марш не постигнале договор и Американецот дефинитивно отпаднал како опција.

Во текот на денот постоеше варијанта Рафаел Бенитез да дојде во клубот, но Лестер не успеа да се договори ниту со него, па изборот падна на Дин Смит.

Тој е поранешен менаџер на Норич, кој си замина оваа сезона, а претходно раководеше со Астон Вила и со Брентфорд. Дин Смит треба да биде преодно решение до крајот на сезоната.

Scroll to Top