Англискиот репрезентативец, Бен Чилвел потпиша нов двегодишен договор со Челси до 2027 година, откако се врати на терените по тешката повреда и скинатите лигаменти во коленото.
Левиот бек е на „Стемфорд Бриџ“ по трансферот од Лестер за 50 милиони фунти, и се врати по тешката повреда за повторно да стане стандарден првотимец со 25 настапи во сите натпреварувања.
„Се чувствувам како дома во Челси и навистина уживам во времето поминато на теренот и пресреќен сум што клубот смета на мене во иднина. Работиме напорно за успех во клубот“, вели Чилвел.
Ова е лоша вест за Манчестер сити, кои беа заинтересирани за Чилвел како замена за Жоао Кансело, кој е на позајмица во Баерн Минхен и тешко дека има иднина под Пеп Гвардиола.
Two more years for @BenChilwell! 😁
— Chelsea FC (@ChelseaFC) April 11, 2023