Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола беше задоволен од играта на неговиот тим по убедливата 3:0 победа над Баерн Минхен, но признава дека уште не е готово пред гостувањето на „Алијанц арената“ следната недела.
„Ова беше навистина добар меч во Лигата на шампиони, и два врвни тимови. Во текот на 55, 60 минути ова беше тесен меч. Родри постигна невееројатен гол, но не можевме да ја контролираме нивната игра со Мусијала и Гнабри. Првите 5-15 минути во второто полувреме беа подобри имаа добри шанси, но потоа се прилагодивме и во финишот бевме подобар тим. Резултатот е неверојатен, но знам што значи да се оди во Минхен и треба да направиме многу за да не страдаме“, вели Гвардиола.