На тренинг-возење пред Хрватското рели во ВРЦ шампионатот, ирскиот возач на Хјундаи, Крег Брин го загуби животот откако излета со автомобилот од патеката.
Според хрватските медиуми, инцидентот се случил во 12.40 часот на локалниот пат во близизна на Златар, кога Брин со левиот крај на автомобилот удрил во дрвен столб и починал на лице место, додека неговиот со-возач Џејмс Фултон поминал без повреди.
„Хјундаи моторспорт со голема тага ја потврдува веста за несреќата на нашиот возач Крег Брин. Изразуваме сочувство до неговото семејство, до пријателите и до нееговите навивачи“, стои во објавата на Хјундаи.
33-годишниот Брин беше син на Реј Брин, поранешен ирски шампион во рели, а во ВРЦ дебитираше во 2009 година. Во 2012 година тој имаше уште еден опасен судир на Сицилија релито, каде што животот го загуби неговиот тогашен со-возач, Герет Робертс. Иако во кариерата немаше ВРЦ победа, осум пати се искачуваше на поиумот, а оваа сезона беше втор на Швеедското рели.
Statement from Hyundai Motorsport pic.twitter.com/GLNXbphVQW
— hmsgofficial (@HMSGOfficial) April 13, 2023