Top Sport

Иван Ракитиќ планира да биде тренер по завршувањето на играчката кариера

Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ планира да ја заокружи кариерата во јуни 2024 година, а потоа има планови да се посвети на тренерскиот занает. Ова го откри во интервју за шпанскиот весник „АС“.

Ракитиќ поради возраста се откажа од понатамошен настап во репрезентацијата на Хрватска, а има во план да го одработи тековниот договор со Севилја, по што ќе стави и крај на активната фудбалска кариера.

„Желба ми е да имам тренерска лиценса и веќе стапив во контакт со Фудбалската федерација на Хрватска. Таа диплома многу ќе ми значи за животот по завршување на кариерата. Воопшто не е ист погледот кон фудбалот, кога си фудбалер и потоа кога си тренер“, изјави Иван Ракитиќ.

Scroll to Top