Новак Ѓоковиќ во драматичен меч во три сета, загуби со 4:6/7:5/6:4 од Италијанецот Лоренцо Мусети во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло, во меч во кој беше полн со брејк-топки, со расправија на Ѓоковиќ со судијата (за што заслужи свирежи), и со прекин поради дожд во малото кнежевство.
Ѓоковиќ го освои првиот сет со 6:4, но Мусети не се предаде и израмни на 1:1, пред да следува долгата пауза поради дождот. Кога се вратија на теренот, Мусети продолжи со својата фантастична игра и на крајот направи дури осум брејка за да го елиминира првиот носител.
Најинтересниот момент се случи во вториот сет, кога по една топка на Мусети која очигледно отиде во аут, Ѓоковиќ почна да се расправа со судиите, по што доби свирежи од публиката.
Вториот носител и двократниот актуелен шампион, Гркот Стефанос Циципас се пласираше во четврт-финалето со лесна 6:3/6:4 победа над Чилаенецот Николас Џари. Циципас, кој има фантастични 12 победи во низа во Монте Карло, ќе игра со Американецот Тејлор Фриц, кој се врати од сет негатива за 4:6/6:4/6:1 победа над Чехот Јиржи Лехецка.
Jajajaja todo un zafarrancho, pero la neta tenía razón Djokovic 🤷🏻♂️ pic.twitter.com/LSsU4hkn1R
— D Portillo (@Deportillo_mx) April 13, 2023