Навивачите на Манчестер јунајтед со право се загрижени што Маркус Рашфорд е повреден и ќе паузира подолго време, но необична улога на голгетер на „ѓаволите“ во првиот меч од четврт-финалето на Лига Европа против Севилја презеде Австриецот Марсел Забицер.
Забицер, кој беше донесен на позајмица од Баерн Минхен во текот на јануарскиот преоден рок, неверојатно во само шест минути успеа да постигне два гола, двапати измамувајќи ја одбраната на шпанскиот клуб. Прво Бруно Фернандеш го пронајде во 15. минута, а во 21. минута Антони Марсијал да има уште поубава асистенција за 2:0.
Sabitzer’s goal to make it 1-0 ✅ pic.twitter.com/QyrCg5n9U9
— UtdPlug (@UtdPlug) April 13, 2023
Brilliant play by Martial there. Sabitzer's second goal of the night pic.twitter.com/4DGFQWQLsx
— Arsalan (@lapulgaprop_) April 13, 2023