Рајо Ваљекано по пауза од два месеци успеа да забележи победа во Примера. Во првиот натпревар од 29.коло, Рајо Ваљекано ја победи Осасуна со 2:1 (2:0). Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски го одигра целиот натпревар за екипата од „Ваљекас“.
Рајо Ваљекано победата против финалистот во Купот на кралот ја обезбеди во финишот на првиот дел. Во интервал од три минути домашниот тим ги постигна двата гола. Во 40.минута Хернандез си постигна авто-гол, а во 43.минута водството го зголеми Иси Палазон.
Конечниот резултат го постави Гомез во 66.минута.
Рајо со 40 бода се осми на табелата, Осасуна е деветта со два бода помалку.