Лидерот Струга Трим Лум ја совлада Победа со 6:2 и го задржа лидерското место на табелата во Првата фудбалска лига. Шкендија на домашен терен го совлада Тиквеш со 4:1 во 27.коло од шампионатот.
Работнички триумфираше со 1:0 против Скопје, а на натпреварите Силекс – Брегалница и Македонија ЃП – Академија Пандев во Ѓорче Петров, немаше голови.
Бесник Ферати во 19.минута донесе предност за Победа, но Струга ТЛ направи пресврт пред крајот на првиот дел со головите на Бесмир Бојку и на Бесарт Ибраими.
Во вториот дел, Сухељ Михарем зголеми на 3:1, а Андреј Кудијан повторно ја доближи Победа. Но, до крајот стрелаа Буњамин Шабани и двапати Бесарт Ибраими, кој комплетираше хет – трик.
Шкендија го победи Тиквеш со 4:1. Милев донесе водство, Цаке постигна убав гол за 2-0, а Чинари исто така се истакна со убавец. Потоа Вареловски намали, а конечниот резултат го постави Чинари со својот втор гол.