Top Sport

Брајтон го изненади Челси, Борнмут го шокира Тотенхем

Челси продолжува со слаби резултати и под раководство на Френк Лампард. „Сините“ загубија на „Стемфорд бриџ“ со 1:2 на дуелот со Брајтон. Конор Галахер донесе предност за Челси, но Дани Велбек израмни пред полувремето, а за триумфот за Брајтон се погрижи Хулио Енкисо во вториот дел.

Тотенхем направи уште еден погрешен чекор во трката за пласман во ЛШ откако загуби дома од Борнмут со 2:3. Данго Оутара во судиското продолжение постигна победнички гол за Борнмут.

Фулам на гости го победи Евертон со 1:3, а Кристал Палас беше подобар од Саутеммптон со 0:2.

Вулверхемптон оствари важна победа (2:0) против Брентфорд, со головите на Диего Коста и на Хванг хи-Чен.

 

Scroll to Top