Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Ленс со 3:1 и можеби ја решија трката за шампионската титула во Франција. Сега „светците“ имаат девет бода предност пред ривалот на врвот на табелата во Лига 1.
Ленс во 19.минута остана со фудбалер помалку откако беше исклучен Абдул Самед. Тоа беше доволно за ПСЖ да постигне дури три гола до крајот на првиот дел.
Килијан Мбапе го отвори резултатот во 31.минута, Витиња зголеми на 2:0 шест минути подоцна, а во 40.минута Лео Меси постигна и трет гол за ПСЖ.
Во второто полувреме, Франковски од пенал го постави конечниот епилог на овој дуел.