Капитенот на Тотенхем, Иго Љорис смета дека свирежите кои ги доби дефанзивецот Давинсон Санчез по драматичниот 2:3 пораз од Борнмут се тажна ситуација за сите во клубот, додавајќи дека не видел такво нешто во својата долга кариера.
Санчез беше виновен за вториот гол на Борнмут за 2:1 во 51. минута, кога ја пренасочи топката кон Доминик Соланки, кој го совлада Љорис. По свирежите од публиката, преодниот менаџер Кристијан Стелини реши да го повлече од игра Колумбиецот само седум минути подоцна, и покрај тоа што самиот влезе во игра во 35. минута како замена за повредениот Клемен Ленгле.
„Никогаш не сум видел вакво нешто во мојата кариера. Навистина ми е жал за Давинсон, бидејќи тој е колега, пријател и се бори за клубот повеќе години. Навистина тажно. Тажно за клубот, за навивачите и за играчот. Вакво нешто не сакате да гледате во фудбалот“, вели Љорис.
Арнаут Данџума, кој влезе на местото на Санчез постигна гол во 88. минута да израмни на 2:2, но Борнмут веднаш вратија преку Данго Уатара за пораз на Тотенхем, кои остануваат петти со 3 поени зад Њукасл и Манчестер јунајтед, но со меч повеќе од Њукасл и ва меча помалку од Јунајтед. Следните два меча тие играат со Њукасл и Јунајтед.
🗣️| Hugo Lloris on Spurs fans booing Davinson Sanchez:
"I've never seen this in my career!"pic.twitter.com/IN1scMlzCU
— The Spurs Watch (@TheSpursWatch) April 15, 2023