Сенегалскиот интернационалец Садио Мане посакува да се врати во Премиерлигата и поторно да го носи дресот на Ливерпул. Англиските медиуми откриваат дека тој е многу несреќен во Германија, не се снашол најдобро и токму од фрустрацијата произлезе неговиот физички напад кон Лирој Сане по поразот од Манчестер Сити (3:0).
Негова желба е да се врати во Ливерпул, а поранешниот клуб би можел да го купи за 20 милиони евра. Сепак, тоа нема да биде лесна одлука, затоа што Клоп веднаш донесе замени, тука се Дарвин Нуњез, Коди Гакпо, а и опоравениот Луис Дијаз.
Како опција се споменува Пари Сен Жермен, кој и претходно беше заинтересиран за Садио Мане, но Сенегалецот преферираше да се пресели во Баерн Минхен затоа што добро го зборува германскиот јазик.