Top Sport

Лисандро Мартинез е успешно опериран

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, е успешно опериран, објави тој лично на социјалните мрежи.

Аргентинецот заработи повреда за време на првиот четвртфинален дуел во Лигата на Европа со Севилја (2:2), што ќе го исклучи до крајот на сезоната.

Лисандро Мартинез има скршена метатарзална коска и се очекува да бидат потребни од шест до осум недели за целосно да закрепне.

„Сѐ помина многу добро, фала му на Бога! Ви благодарам многу за сите ваши пораки. Сега се фокусирам на моето опоравување”, напиша фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Лисандро Мартинез беше важен дел од тимот на „црвените ѓаволи“, а неговата повреда ќе му донесе главоболки на менаџерот Ерик тен Хаг околу составувањето на одбраната.

Scroll to Top