Наполи вечерва го пречекува Милан во реванш натпреварот од четврт-финалето во Лигата на шампионите, а фановите имаа „акција“ во текот на ноќта скандирајќи пред хотелот „Везувио“ каде се сместени фудбалерите на Милан.
Домашните фанови скандираа непристојни пораки за „росонерите“, свиреа со сирените од автомобилите и палеа факели со намера да не им дозволат на противниците мирно да спијат.
🇮🇹🎇 In the early hours of the morning, Napoli fans were outside the Milan hotel with fireworks, chants & car horns. Huge game tonight in the UCL! pic.twitter.com/tOG6tQkVLN
— EuroFoot (@eurofootcom) April 18, 2023