Top Sport

Џерен Џексон јуниор е избран за најдобар дефанзивец во НБА

Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Џерен Џексон јуниор, е избран за најдобар одбранбен играч на сезоната во НБА лигата. На второто место е Брук Лопез од Милвоки Бакс, а третата позиција му припадна на Еван Мобли од Кливленд Кавалирс.

Џерен Џексон јуниор стана вториот најмлад добитник на оваа награда по Двајт Хауард во 2009 година. Тој имаше просек од 18,6 поени, 6,8 скока и една украдена топка по натпревар.

Неговиот татко, Џерен Џексон, исто така играше во НБА и освои шампионски прстен со Сан Антонио Спарс во 1999 година.

Scroll to Top