Саудискиот клуб Ал-Наср ги отфрли петициите на социјалните мрежи кои бараа Кристијано Роналдо да биде исфрлен од Саудиска Арабија поради тоа што се фати за мадиња кога противничките навивачи го извикуваа името на Лионел Меси.
Роналдо, нормално, беше главна тема по 2:0 поразот од Ал-Хилал во вторникот, кога доби само жолт картон за еден боречки зафат, а кога навивачите на домашниот тим го извикуваа името на Меси, тој се фати за мадињата, нешто што беше пречекано со бес, посебно во светиот рамазански месец. Ал-Наср велат дека не е така едноставно, туку дека тој имал „чувствителна“ повреда на препоните.
„Роналдо е повреден. Неговиот старт над Густаво Куелјар, играчот на Ал-Хилал почна со удар во чувствителниот дел од телото. Тоа е потврдена информација. Фановите можат тоа да го интерпретираат како сакаат“, велат од клубот.
يرددون ميسي ويسوي قدامهم هالحركة؟
ننتظر لجنة الانضباط واتحدى لو سوتله شيء pic.twitter.com/NjbcaKYIkd
— تارقو (@wtrx5) April 18, 2023