Наполи е на чекор до освојување на титулата во Серија А, но раководството на клубот размислува како да го задржи тимот на Лучијано Спалети и следната сезона во Неапол. Еден од најбараните фудбалери е напаѓачот Виктор Осимен за кого се заинтересирани најголемите европски клубови. Во летниот преоден рок за него ќе наддаваат Манчестер Јунајтед, Челси, ПСЖ и Манчестер Сити.
Како што открива „Газета дело Спорт“, Наполи нема намера да се раздели со Виктор Осимен доколку не инкасира отштета од 150 милиони евра.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, сѐ уште се обидува да го убеди 24-годишниот напаѓач да остане во тимот. Но, доколку Нигериецот инсиситра да замине, тогаш заинтересираниот клуб ќе треба да плати огромна сума.
Виктор Осимен оваа сезона во Серија А постигна 21 гол на 24 натпревари, а има актуелен договор до летото 2025 година.