Top Sport

Мојсовски го објави списокот на Македонија за ЕП на песок

Селекторот на женската репрезентација во ракомет на песок, Златко Мојсовски, го објави поширокиот список на повикани ракометарки за шампионатот. За Македонија ќе настапат ракометарки од Ѓорче Петров, Металург, Вардар, Куманово, Стружанка, Шампион, Чаир и Спартак.

Европското првенство во ракомет на песок ќе се одигра од 24 до 28 мај во португалскиот град Назаре.

Македонија е во групата Б, заедно со домаќинот Португалија, како и со селекциите на Холандија и на Украина.

Scroll to Top