Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, најави дека и следната сезона ќе остане на функцијата.
„Работиме на тимот што ќе игра за ПСЖ следната сезона, на промените што сакаме да ги направиме за да се подобриме. Ова го правиме веќе неколку недели, а минатата недела направивме детален план. Планирам да бидам тренер на ПСЖ и следната сезона“, изјави Галтие за француските медиуми.
Тренерот на ПСЖ беше вмешан во расистички скандал, поради што дел од навивачите на тимот побараа тој да добие отказ. И претходно, по елиминацијата од Лигата на шампионите, имаше шпекулациии дека Галтие нема да остане на функцијата по завршувањето на сезоната.
Во последните денови како негов можен наследник се најавува Жозе Мурињо.