Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, кој е дете на Вардар, му помогна на најтрофејниот македонски клуб во најтешките денови во клупската историја и големата беспарица, обезбедувајќи му карантин пред дербито против Воска во Втората лига претстојниот викенд.
„Фудбалскиот клуб Вардар јавно искажува благодарност до капитенот на mакедонската фудбалска репрезентација, „вардаровото дете” Стефан Ристовски за несебичната помош и поддршка за својот матичен клуб благодарение на која експедицијата на Вардар ќе замине во карантин пред претстојниот важен натпревар во недела каде во мир и соодветни услови ќе се подготвува за предизвикот кој ги очекува“, објави ФК Вардар.