Top Sport

Мората се враќа во Серија А?

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората следната сезона повторно би можел да игра во Серија А, но не во дресот на неговиот поранешен клуб Јувентус. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Мората на повик на неговиот голем пријател Пауло Дибала треба да ја засили Рома.

Доколку си замине Тами Абрахам, се прави план Мората и Дибала следната сезона да го сочинуваат напаѓачкиот тандем на Рома. Тие двајца се спријателија додека го носеа дресот на Јувентус.

Алваро Мората сезонава одигра 38 натпревари и постигна 12 гола во дресот на Атлетико Мадрид.

Scroll to Top