За најдобар шести играч во НБА е прогласен Малколм Брогдон, бекот на Бостон Селтикс. Асот на тимот од Масачусетс доби 60 од 100 гласови и зад себе го остави Имануел Квикли од Њујорк Никс, кој беше негов главен конкурент.
„Ова е голема чест. Оваа година беше голем предизвик за мене, бидејќи во Бостон пристигнав од Индијана. Сепак, брзо се снајдов бидејќи имам одлична организација, одличен тим и одличен тренерски тим зад мене“, рече Брогдон.
Брогдон беше прогласен за дебитант на годината во 2017 година. До неговото доаѓање во Бостон во четирите претходни сезони, тој ги започна сите натпревари како член на стартната петорка прво во Милвоки, а потоа и во Индијана.
Меѓутоа, кога дојде во Селтикс, го загуби тој статус, бидејќи не можеше да стартува пред Ол-стар играчите Џејсон Тејтум и Џејлен Браун. Сепак, тој покажа класа како прва резерва и даде огромен придонес за одличните резултати на Селтикси.
Сезонава имаше просек од 14,2 поени, 4,2 скока и 3,7 асистенции.