Сензација на турнирот „Србија опен“ во Бања Лука. Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби во пресметката со Душан Лајовиќ. 32-годишниот Лајовиќ успеа да слави со 2:0 во сетови (6:4, 7:6) и се пласира во полуфиналето на турнирот после два часа и 25 минути игра.
Двајцата досега се сретнаа само во 2015 година во Доха и 2018 година во Монте Карло, Новак Ѓоковиќ забележа две победи, но денеска Лајовиќ доби своја шанса и максимално ја искористи.
Ѓоковиќ не беше на потребното ниво, пропушти безброј можности за брејк, а тоа Лајовиќ знаеше да го казни.