Top Sport

Гвардиола го носи Матео Ковачиќ во Манчестер Сити?

Англискиот првак Манчестер Сити на лето најверојатно ќе се раздели со капитенот Илкај Гундоган, кој се најавува како ново засилување за Барселона. Менаџерот Пеп Гвардиола веќе сериозно ја бара неговата замена, а се чини дека ја пронајде во Лондон.

Стратегот на „граѓаните“ сака да го доведе Матео Ковачиќ на „Етихад“.

Хрватот има договор со Челси до јуни 2024 година, но многу веројатно е дека ќе го напушти „Стемфорд бриџ“на крајот од сезоната. Манчестер Сити нема да плати преголема отштета, а би можел добро да се вклопи во стратегијата на Гвардиола.

Scroll to Top