Ергин Атаман е нов тренер на Панатинаикос, тврдат грчките медиуми. Договорот ќе биде потпишан на две години.
Според овие извори, официјализирањето на овој договор се очекува во наредните денови.
Панатинаикос оваа сезона ја заврши на претпоследното место во Евролигата со само 11 победи, со две одземени победи поради казната во Евролигата.
Зелените ја започнаа сезоната во Евролигата со Дејан Радоњиќ на клупата и ја завршија со Христос Серелис.
Ниту Атаман немаше многу успех со бранителот на трофејот Анадолу Ефес. Се уште актуелниот европски првак не успеа да избори место во плеј-офот.