Бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе го напушти Ливерпул. Напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
„Дејли мејл“, пишува дека 31. годишниот Фирмино постигнал договор со Каталонците и на крајот од сезоната ќе се пресели на „Ноу Камп“ како слободен играч.
Фирмино освои бројни трофеи со Ливерпул, Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Лига купот, како и Светското клупско првенство, откако во 2015 година пристигна од Хофенхајм.
Бразилецот одигра вкупно 360 натпревари за „црвените“ и постигна 109 гола, со што стана миленик на навивачите на „Енфилд“.
Со навивачите на „црвените“ Фирмино ќе се збогува на 20 мај кога Ливерпул ќе ја пречека Астон Вила.