Јулијан Нагелсман одбил да го преземе Челси, но сепак кариерата ќе ја продолжи во Лондон. „Билд“ тврди дека Нагелсман од наредната сезона ќе го предводи Тотенхем.
Антонио Конте неодамна стана четвртиот менаџер отпуштен од Тотенхем во последните две години, а Нагелсман е првиот кандидат за нов менаџер.
Наводно, токму Тухел го одбил Тотенхем пред заминувањето во Баерн, а сега неговиот помлад колега и сонародник би можел да го преземе клубот и да се обиде да му го донесе првиот трофеј по 15 години.