Top Sport

Марез со хет-трик го реши Шефилд јунајтед

Фудбалерите на Манчестер сити се пласираа во финалето на ФА купот. Во првото полуфинале на „Вембли“ стадионот во Лондон, Манчестер сити го победија второпласираниот тим во Чемпионшип, Шефилд јунајтед со 3:0 (1:0).

Манчестер сити, против тимот кој извесо е дека ќе се врати во Премиер лигата, во целост ја оправда фавориската улога.

Без многу напор, „граѓаните“ дојдоа до победата. На Шефилд јунајтед со хет-трик му пресуди Ријад Марез. Алжирецот во 43.минута реалзиира пенал, а потоа беше презицен во 61. и 66.минута.

Манчестер сити во финалето ќе игра против победникот од натпреварот Манчестер јунајтед-Брајтон. Ова полуфинале се игра утре, исто така на „Вембли“, од 17.30 часот.

Scroll to Top