Ергин Атаман на крајот на сезоната го напушта Андолу Ефес и, според грчките медиуми, веќе договорил двегодишен престој на клупата на Панатинаикос.
Двојниот европски првак бара замена за позицијата шеф на струката и го сведе списокот на две имиња. Двајцата се шпански тренери, Пабло Ласо и Чави Пасквал.
Во моментов далеку пореална опција е тренерот на Зенит со оглед на тоа што Пасквал, според пишувањата на германските медиуми, се договорил за соработка со Баерн Минхен.
Пасквал има богат договор во Русија, но веројатно ќе надвладее желбата повторно да води тим во Евролигата. Пред Зенит беше тренер на Барселона и на Пантанаикос. Со Каталонците ја освои Евролигата во 2010 година.