Top Sport

Димитар Капинковски стана тренер на грузискиот тим Самтредиа

Македонскиот тренер Димитар Капинковски стартуваше интернационална кариера. Тој седна на клупата на грузискиот прволигаш Самтредиа.

Тоа е клуб со голема традиција во грузискиот фудбал.

Капинковски ќе има мисија да го извлече тимот кон средината на табелата, со оглед дека Самтредиа по девет кола има само една победа и едно реми, наспроти седум порази и се наоѓа на последното место.

Scroll to Top