Голманот на ракометниот првак Вардар 1961, Борко Ристовски, доби четиригодишна суспензија од МОК поради ставови изнесени во ТВ емисија. Тој е казнет дека „како претставник на политичка партија во ТВ емисија „За или против“ изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни по МОК“.
Борко Ристовски најави дека ова ќе го „расчисти“ на прес-конференција во наредните денови.
„Сѐ што имам ќе кажам на прес-конференција во следните денови на која сите ќе бидете поканети и сите работи ќе бидат многу појасни“, истакна Борко Ристовски.
Тој има рок за жалба на одлуката на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) во следните осум дена.