Top Sport

Парични казни за 171 навивач на Јувентус поради расистички навреди кон Лукаку

Дури 171 симпатизер на Јувентус ќе се соочи со парични казни за расизам против напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку. Станува збор за инцидентот на крајот од првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија меѓу двете екипи на 4 април во Торино, кога Белгиецот беше навредуван после неговиот гол во ремито 1:1.

Од секторот зад голот на Јуве во тој момент се слушнаа навреди кон Лукаку, што го изнервираа фудбалерот, а тоа ескалира и со негово исклучување поради втор жолт картон.

Вкупно 250 приврзаници на Јувентус се идентификувани дека го навредуваат напаѓачот со расистичко насилство. Останатите 79 лица, кои не се меѓу 171 навивачи кои се веќе казнети, се под истрага. Се очекува и тие да се соочат со санкции.

Истрагата нашла вина и кај фанови на Интер. Навивачите на „нероаѕурите“ за време на првото полувреме скандираа „Ливерпул, Ливерпул“, што се зема како референца за трагедијата на стадионот Хејсел во 1985 година за време на финалето на КЕШ меѓу „црвените“ и Јувентус. Тогаш загинаа 32 навивачи на италијанскиот клуб.

Scroll to Top