Англискиот премиерлигаш Тотенхем го смени привремениот менаџер Кристијан Стелини и именуваше нов привремен стратег. До крајот на сезоната тимот ќе го води Рајан Мејсон.
По поразот (6:1) од Њукасл, изјава даде сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви. Тој им се извини на навивачите, го отпушти привремениот тренер Кристијан Стелини и назначи нов до крајот на сезоната. .
„Неделниот натпревар против Њукасл беше целосно неприфатлив. Кристијан ќе ја напушти функцијата. Тој влезе во тежок момент и му благодарам за неговата професионалност. Му посакувам сѐ најдобро. Рајан Мејсон ќе ја преземе функцијата главен тренер. Тој добро го познава клубот и играчите. Подоцна ќе известиме за неговиот тренерски штаб“, истакна Леви.
Рајан Мејсон го помина најголемиот дел од својата играчка кариера во Тотенхем. Тој прекина да игра пред пет години, по тешката повреда и веднаш стана тренер во младинските категории на Тотенхем.