Олимпик Марсеј и Рома ги финишираат преговорите околу трансферот на Холанѓанецот Кевин Стротман, на „Велодром“.
Италијанските медиуми пишуваат дека трансферот е речиси договорен, бидејќи Стротман не е во комбинација за вечерашниот натпревар на Рома против Аталанта.
Стротман тренирал со соиграчите, но по тренингот не сакал да даде изјава за медиумите.
Според шпекулациите, 28-годишниот фудбалер, со Марсеј ќе потпишен пет годишен договор, а по сезона ќе заработува 4,5 милиони евра.
Трансферот Марсеј треба да го комплетира до крајот на оваа недела, кога во клубот ќе пристигне и српскиот репрезентативец Немања Радоњиќ. Марсеј за трансферот на Радоњиќ, на Црвена звезда и плати 12 милиони евра.