Top Sport

Клоп нема намера да го врати Мане во Ливерпул

Донесен како големо засилување, Садио Мане не ги оправда очекувањата и ги брои последните месеци во Баерн Минхен. Наводно, Сенегалецот, има желба да се врати во Ливерпул. Поранешниот играч на „црвените“, Коло Туре, тврди дека акво сценарио не е можно, бидејќи Јирген Клоп има поинакви планови за летниот преоден рок.

„Слушнав дека сака да се врати, но се сомневам дека Ливерпул го сака тоа. Јирген сака нов почеток на лето и е подготвен да го реконструира тимот. Знам дека Клоп не сака Мане да се врати, бидејќи тој веќе има добри опции во нападот. Преку пријателите се обидува да покаже дека сака да се врати, но во клубот веќе донеле одлука кога е тој во правање“.

Туре додаде дека верува оти Клоп бил разочаран летово што Мане го напуштил клубот и дека тоа е главната причина што не сака тој да се врати бидејќи не покажал лојалност кон „црвените“ и германскиот стручњак кога тоа најмногу го очекувале. .

Исто така, Ливерпул во офанзивната линија ги има Коди Гакпо, Дарвин Нуњез, Диого Жота, Луис Дијаз и Мохамед Салах, а во клубот ќе останат и следната сезона. Доаѓањето на Мане би значело дека еден од нив мора да го напушти клубот, а Клоп не го сака тоа.

Scroll to Top