Поранешниот фудбалер на српскиот клуб Партизан, Мохамед Заабија, е киднапиран. Репрезентативецот на Либија е киднапиран во својата татковина, јавува турскиот новинар Сухаил Кмира.
Според овој извор, група вооружени екстремисти го киднапирале фудбалерот кој е член на Итихад Триполи од Либија.
Заaбија пред 10 години беше фудбалер на Партизан во нашето соседство. Во сезоната 2012/13 одигра девет меча за „црно-белите“, и постигна еден гол.
Libya International and Ittihad Tripoli Player, Mohamed Zaabia, was allegedly kidnapped by an armed group in #Libya
Zaabia played for Esperance de Tunis in Tunisia. pic.twitter.com/WsNKhbCW2W— Souhail Khmira (@SKhmira) April 25, 2023