На помошниот тренер на Масимилијано Алегри, Марко Ландучи, му се заканува казна поради неговите навреди кон противничкиот тренер Лучијано Спалети откако Јувентус загуби со 0:1 од Наполи, пишува „Ла Стампа“.
По крајот на натпреварот, Ландучи бесен на некои судиски одлуки му рекол на Спалети кој стоел на метар од него: „Ќелаво копиле, ќе ти го изедам срцето“.
Тренерот на „наполитанците“ не му одговори и наместо тоа се упати кон соблекувалната на својот тим.
За жал на помошникот на Алегри, сепак, овие навредливи зборови ги слушнаа дури четворица членови на Италијанската фудбалска федерација во Торино.
Еден од нив даде „целосно, јасно и недвосмислено“ сведочење за тоа што се случило пред Дисциплинската комисија, кое е разгледано заедно со извештајот на главниот судија Микаел Фабри. Одлуката е парична казна од 5.000 евра за Ландучи и суспензија на следниот натпревар против Болоња.
Marco Landucci is at risk of being penalised after the FIGC heard him insult Luciano Spalletti following Napoli’s 1-0 win in Turin.
🗣️The Juventus assistant coach reportedly said: “Bald b*stard, I’ll eat your heart out!” pic.twitter.com/lLgBdIT230
— Football Italia (@footballitalia) April 25, 2023