Top Sport

Дембеле по три месеци пауза се враќа во тимот на Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, откри дека Осман Дембеле ќе биде подготвен за саботниот натпревар против Бетис, откако беше надвор од терените во изминатите три месеци поради повреда на левиот бутен мускул.

„Тој ќе се врати в сабота, не грижете се. Тој е совршено добро. Андреас Кристенсен исто така ќе се врати на натпреварот в сабота”, изјави тренерот на Барселона на прес-конференцијата пред натпреварот од 31. коло против Рајо Валјекано.

Францускиот крилен напаѓач почна да тренира пред неколку дена, но нема да биде дел од утрешното гостување против Рајо Валјекано.

На 28 јануари на натпреварот против Џирона, Дембеле беше заменет во 25. минута поради болки во бутниот мускул.

Барселона по 30 одиграни натпревари го зазема првото место на табелата во Ла Лига со 76 бодови, односно 11 повеќе од второпласираниот Реал Мадрид и е многу блиску до освојување на титулата по четири години пауза.

Scroll to Top