Џирона го совлада Реал Мадрид со 4:2, а херој на домашниот тим беше Валентин Кастелјанос кој беше стрелец на сите четири гола. Тој одигра „покер“ со одбраната на „кралевите“ и дури четири пати го надмудри Андриј Лунин, кој вечерва го бранеше голот на Реал.
Тој го отвори резултатот во 12.минута, а потоа ја удвои предноста на Џирона во 24.минута.
Винисиус Жуниор намали на 2:1, но на почетокот на вториот дел повторно блесна Кастелјанос, со два нови гола, во 46. и во 62.минута.
Во финишот, Лукас Васкез постигна втор гол за „кралскиот“ тим.