Top Sport

Баерн Минхен остана без Алфонсо Дејвис до крајот на сезоната

Германскиот првак Баерн Минхен се соочува со уште еден голем проблем откако го загуби првото место на табелата во Бундеслигата. До крајот на сезоната ќе мора да продолжи без левиот бек Алфонсо Дејвис.

22-годишниот канадски репрезентативец заработи повреда на бутниот мускул на натпреварот против Мајнц, кој Баер Минхен го загуби со 3:1.

Деталните прегледи покажаа дека повредата е посериозна и Алфонсо Дејвис нема да може да помогне во последните пет кола од шампионатот.

Scroll to Top